Морачанин: Ако градите денес, утре ќе ви биде легализирана дивоградбата

by fokus

Законот за легализација на дивоградби ги дели луѓето на привилегирани кои имаат дивоградби и оние кои ги почитувале сите законски прописи, посочува пратеничката од ДОМ Маја Морачанин, која беше една од ретките што во Собранието не го поддржа ова законско решение.

-Сам по себе, Законот е дискриминирачки. Со ова се испраќа лоша порака на граѓаните – изјави Морачанин на Телма, додавајќи дека Законот овоможува дури и ако денес некој гради дивоградба да му биде легализирана.

Инаку, Законот предвидува легализација на дивоградбите изградени со стапување на сила 8 дена по неговото објавување во Службен весник, ако не се работи за станбени згради.

Поврзани новости