Монтоливо ја заврши кариерата: Милан е виновен за тоа!

by fokus

Играчот од средниот ред Рикардо Монтоливо објави дека ја заврши професионална кариера. Негов последен клуб беше Милан.

– Од овој момент завршив да играм фудбал професионално. Ќе продолжам да живеам во Милано со семејството. Не знам што ќе правам следно. Може да се каже дека Милан ме натера да ја завршам кариерата. Јас дури и немав можност да се збогувам со навивачите по седум години, изјави Монтоливо за „Кориере дело спорт“.

Минатата година Монтоливо немаше ниту еден настап за Милан, додека 26 натпревари има одиграно во сезоната 2017/18 кога постигна три гола и две асистенции.

Претходно, тој играше и за Фиорентина и Аталанта. Со Милан го освои италијанскиот Супер куп во 2016 година.

Поврзани новости