„Монструм“ – роднини на осудените бараат обелоденување на случајот

by Fokus

Во монтираните процеси да бидат донесени праведни и со докази потврдени пресуди, бараат роднините на лицата на лицата осудени во случајот Монструм, објавува АлсатМ.

Тие сметаат дека новата Влада ќе помогне вистината да излезе на виделина, а тоа, според нив, би довело до ослободување на неправедно осудените. Бедри Ајдари, роднина на еден од обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро бара правда, како што ветува премиерот Заев.

“Се надевам во ветувањата што се дадени за да се стави во функција законот и тој да се спроведе. Тој ја презеде функцијата и мора да ги применува законите и ако законите се применуваат овие лица би требало веднаш да се ослободат”, рече Бедри Ајдари – роднина, случајот “Монструм”.

Поврзани новости