МОН: Постигнавме договор со СОНК, штрајкот е вон сила

by Фокус

Министерството за образование и наука во соопштение до медиумите информира дека е постигнат договор со Синдикатот за образование, наука и култура и дека штрајкот ќе биде стопиран. Иако, МОН од почетокот на штрајкот го негираше и игнорираше неговото постоење и одбиваше да потврди дека дел од училиштата штрајкуваат, сега и соопштува на јавноста дека штрајкот е вон сила.

– По неколкудневни интензивни преговори, постигната е взаемно прифатлива спогодба по однос на сите отворени прашања. Врз основа на взаемно прифатената спогодба, Одлуката за генерален штрајк на СОНК се става вон сила. Истовремено, продолжуваат интензивните преговори во рамки на социјалниот дијалог. Ги известуваме родителите и учениците, дека наставата од утре, 4.2.2015 година, ќе продолжи нормално да се реализира во сите училишта – се наведува во соопштението од ресорното министерство.

Поврзани новости