МОН: Ќе се реконструира опожареното училиште во Ново Село, учениците продолжија со настава

by Fokus

Министерството за образование и наука ја информира јавноста дека се преземаат мерки за реконструкција на опожареното основно училиште „11 Октомври“ во с. Ново Село, општина Боговиње.

– Во изминатите два дена, Министерството за образование и наука беше во постојана комуникација со директорот на опожареното училиште за да се изнајде најсоодветно решение за непречено одвивање на воспитно-образовниот процес, при што се создадени услови за непречено следење на наставата, а учениците уште денес продолжија да ја следат наставата во простории на месната заедница на селото и просторија на подрачната амбуланта – се наведува во соопштението.

Од таму информираат дека денеска е извршен увид на опожарениот училишен објект и се преземаат  сите понатомошни чекори за изработка на техничка документација за оспособување на училишниот објект согласно законските стандарди.

 

 

 

Поврзани новости