МОН: Бојкотот на наставата не е опција за учениците

by Fokus

По добиените информации дека изолирани групи на ученици во неколку училишта во државата по насоки од родителите и старателите ја бојкотираат наставата, апелираме за разумност и повторно приклучување кон останатите деца од нивните класови, затоа што постапката не оди во прилог на нивната едукација, соопшти Министерството за образование и наука и укажува дека секој пропуштен час значи пропуштено знаење кое тешко се надоместува, особено кога воспитно-образовниот процес се организира во вонредни околности поради пандемијата.

МОН нагласува дека причината за бојкотот на наставата е неоправдана, ако се има предвид дека дигитализацијата на образованието е глобален процес кој се случува во голем број земји во светот, а Северна Македонија, како што наведува – „мора да фати чекор со современите трендови и да се приближува кон стандардите за квалитет на образование кои ги наметнуваат развиените општества“.

– Дигитализацијата на материјалите за учење е дефинирана во новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали и предвидено е да се случува етапно, почнувајќи во четврто одделение од следната учебна година, така што во овој момент тоа воопшто не ги засегнува средношколците и тие немаат причина за отсуство од настава по тој основ, апелира МОН.

Поврзани новости