МОН бара странци за евалуација на високообразовните институции и студиските програми

by fokus

Министерството за образование и наука соопшти дека е отворен повик за избор на странски експерти за спроведување на надворешна евалуација на високообразовните институции и студиски програми во земјава.

Експертите треба да се странски државјани, да се избрани за редовни или вонредни професори на акредитиран универзитет во земја-членка на Европската асоцијација за обезбедување квалитет во високото образование, да имаат претходно искуство во евалуација на високообразовни институции во најмалку две земјите членки на Европската Унија и да имаат познавање на англиски јазик.

Отворениот повик се објавува за следните научни области: природни науки, медицински и здравствени науки, oпштествени науки и хуманитарни науки и уметности.

Краен рок за аплицирање е 18 септември, посочуваат од МОН и додаваат дека за правата и обврските, како и начинот на аплицирање, апликантите може да се информираат на сајтот на Агенцијата за квалитет во високото образование.

Поврзани новости