Момчето повредено во сообраќајка е во критична состојба

by Fokus 14:32
14:32

Дваесет и двегодишното момче што синоќа беше повредено во сообраќајка во Кисела Вода се уште е во критична состојба во болницата за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Младото момче возело мотор, а возилото БМВ кое удрило во него, според записникот на МВР го управувал екс телохранителот на Никола Груевски, Дејан Митровски – Урко.

Според информации од болницата, момчето се уште е во критична состојба и има потешки повреди, скршена потколеница, прсната слезинка, повреди на граден кош и повреди на синуси на череп.

Претходно, на некои од порталите излегоа информации дека повреденото момче починало, но тоа не е точно.

Поврзани новости