Момче загинало при удар од гром откако излегувало од море

by fokus

Областа на Спил синоќа беше погодена од силно невреме, проследено со грмотевици, а едно момче почина.

Во моментот кога почнало невремето, луѓето брзо ја напуштале плажата, а момчето било удрено од гром кога излегувало од морето.

Иако Брза помош стигнала за кратко време, не успеале да му помогнат на момчето, а околностите на оваа несреќа се уште се утврдуваат.

Поврзани новости