Момче се бори за живот, откако паднало од запуштен објект во Куманово

by Фокус
Четиринаесетгодишно момче денеска паднало од запуштен објект на поранешен „Жито-мел“ во Куманово и се здобило со тешки телесни повреди, информираше кумановската полиција.
Случајот го пријавил лекар од болницата во 15 часот, кој рекол дека момчето, родено 2005 година, паднало од зграда од поранешната фабрика, лоцирана во центарот на Куманово.
Поради сериозноста на повредите, момчето е пренесено на лекување на клиника во Скопје.

Поврзани новости