Момче од Делчево почина во Германија од ковид, блиските бараат помош

by Фокус

Триесет и две годишниот Гоце Јанѓеловски од Делчево, поради компликации од ковид 19, пред неколку дена почина во германскиот град Бруксал, каде живееше во последните две години со неговата сопруга. Неговите блиски бараат помош за транспорт на неговото тело до Македонија.

„Знаејќи дека трошоците околку транспортот до неговото родно место каде живее неговата фамилија се огромни, Ве известуваме дека во Недела после завршувањето на богослужбата во храмот “Свети Никола” – Мајнц, ќе биде организирано собирање на финансиски средства кои ќе бидат наменети за помош околку транспортот до Македонија на прерано починатиот брат Гоце. Бог да го упокои во место светло каде што нема болка, тага или воздишка, а на семејството да им дарува утеха, сила и поткрепа“, објавено е на фејсбук-профилот Sveti Nikola-Mainz.

На социјалните мрежи се огласи и македонскиот иселеник Бошко Васев, кој исто апелираше за хуманост и помош. Под неговата објава стои и сметката за сите хумани луѓе кои сакаат да помогнат: број на сметка: 300057073987370, Комерцијална Банка.

Поврзани новости