Мојсовски не ја коментира кривичната од Антикорупциска, најави прес-конференција

by Fokus

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 81 седница донесе одлука да достави иницијатива до Јавното обвинителство за кривично гонење на актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски и членовите на централната комисија поради основани сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер системот на финансирање фондации и спортски клубови.

Запрашан за став околу оваа ситуација, Мојсовски за „Фокус“ не сакаше да дава дополнителни информации и притоа најави дека во понеделник ќе има прес-конференција на оваа тема.

Фото – Мастраф муабет

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости