Мојсоски: Немаме пожртвуваност, ние барем игравме со жар и голема борба!

by Fokus

Секое искуство е плус и овој настап на СП не треба да е оправдување дека не сме биле подготвени за големо натпреварување. Ова денеска го истакна поранешниот ракометен репрезентативец Наумче Мојсоски во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24.

„Не треба да одиме со помислата дека ќе освоиме медал на големите натпреварувања. Немаме пожртвуваност. Ние кога игравме барем тоа не красеше, таа жар и борба. Се е до психата. Ракометот е интелигентна игра и зависи од психичката подготвеност. Проблемот е што носителите на нашата репрезентација не играат стандардно ни во своите клубови“, истакна Мојсоски.

Поврзани новости