491
„Мојата приказна – Македонија“ е насловот на новата книга чиј автор е поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски, која треба да излезе од печат во наредните денови, пренесува Независен.
Новиот труд на Георгиевски, кој е сега на чело на вонпарламентарната ВМРО-НП, е на околу 300 страници, на кои под поднаслов „Каде оди Македонија“ се третираат политичките случувања во земјата од основањето на ВМРО-ДПМНЕ во 1990 година па до потпишувањето на договорот со Грција и подготовките за референдумот на 30 септември. Во книгата, според информациите, се поместени и повеќе документи и декларации што македонските институции ги донесувале во изминатите повеќе од две и пол децении.