Могерини: Ве молам, не молчете пред вашата иднина, не можете да ја пропуштите оваа можност

by fokus

Вратите на ЕУ останувааат отворени за вас. Вие сте оние кои ги имате клучевите во вашите раце. Немојте да дозволите да ја пропуштите оваа историска можност, порача денеска високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, која попладнево престојува во Скопје.

– Запомнете, на 30 септември кога ќе одите на гласачките места да гласате за референдумот дека Вие сте тие што ги држите клучевите на вашата иднина во вашите раце. Клучевите не се во рацете на никој друг, освен на Вас. Не дозволувајте некој друг да го стори тоа за Вас. Ве молам, не молчете пред вашата иднина, не можете да ја пропуштите оваа можност затоа што Вие сте одговорни за вашата иднина. Ова не се избори, ниту е нешто поврзано со политика. Мора да бидете сигурни и убедени дека кога ќе се разбудите следниот понеделник, односно на 1 октомври, дека сте направиле избор којшто ја засега вашата иднина, иднината на вашата земја и на вашите деца, изјави Могерини, која попладнево ја посети Старата скопска чаршија заедно со премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Таа, од како што рече срцето на главниот град на земјата, уште еднаш ја повтори пораката на ЕУ дека вратите на Унијата остануваат отворени за нас.

– Мора да знаете една работа, а тоа е дека само заедно можеме да постигнеме многу. Тоа е нешто на што ме потсети денес премиерот Заев во Стразбур. Што се однесува до просперитетот, безбедноста и стабилноста на целата ЕУ, вие сте тие кои ги имате клучевите за оваа иднина во вашите раце. Од наша страна сме решителни и мора да направиме се што е во наша моќ оваа посветеност да се реализира, рече Могерини.

Поврзани новости