Могерини на вечерата со балканските премиери го очекува Заев

by fokus

Балканските премиери се повикани во Брисел на неформална вечера на 24 мај. Поканата ја испрати шефицата не европската дипломатија Федерика Могерини. Тема на неформалниот состанок ќе биде „ситуацијата во регионот во светло на последните настани и за да се разговара за патот напред”, вели портпарол на Европската комисија, објави Нова.

Поканата за вечерата е пратена во кабинетите на балканските премиери.

НОВА дознава дека Могерини очекува на вечерата да се појави Зоран Заев без разлика дали дотогаш ќе биде финализирано формирањето на новата влада на Македонија.

Могерини одлучи да ги покани премиерите од шест балкански земји (Србија, Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора) во Брисел и како продолжување на разговорите што шефицата на ЕУ дипломатијата ги водеше за време на нејзината посета на Балканот на почетокот на март оваа година.

Поврзани новости