Могерини ќе се сретне со Иванов и со партиските лидери

by fokus

Федерика Могерини, висока европска претставничка за надворешна политика се очекува попладневно да дојде во Скопје  во рамки на нејзината балканска турнеја.

Предвидено е Могерини да има средба со претседателот Ѓорге Иванов и со партиските лидери, по што ќе следува нејзина изјава.

Средбите ќе се одржат во Собранието.

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика својата турнеја на Балканот ја почна во Црна Гора, а ќе ги посети уште Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Албанија.

Европската Унија е загрижена за состојбите на Западниот Балкан и на 6 март ќе му посвети посебен самит на кој ќе се расправа по извештајот што ќе го поднесе Могерини.

Поврзани новости