Могерини ќе присуствува на потпишувањето на договорот за решението за името

by fokus

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини го поздрави договорот постигнат меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас и најави дека ќе допатува во регионот за потпишување на договорот.

Таа ги поздрави напорите на двајцата премиери за нивната одлучност и лидерство во постигнувањето на историскиот договор.

– Овој успех им припаѓа на лидерите на двете земји и нивните екипи, но пред сѐ на граѓаните на двете земји, и на Европа. Преговарачкиот процес, под водство на ОН, и медијацијата на Нимиц, и силната поддршка на ЕУ, е јасен знак за силата на мултилатералната дипломатија, дијалогот, почитувањето и волјата за изнаоѓање решенија во кој сите се победници дури и за натешките прашања. Заедно мораме да ја искористиме приликата што широко се отвори за да ги придружиме и консолидираме ветровите на мирот и соработката во регионот. Перспектива на ЕУ за Балканот, потврдена неодамна на софискиот самит, останува најсилната стабилизирачка сила за регионот и ние имаме интерес и одговорност да го искористиме тоа добро. Тоа беше клучен поттик за овој договор, во духот на добрососедските односи и соседската соработка. Чекаме сега Советот да ги потврди заклучоците од извештајот за напредок од 17 април. Не само што е заслужено, како признание за значајните реформски резултати на земјата, туку круцијално ќе придонесе за целосна имплементација на договорот во интерес на двете земји, на регионот и на ЕУ како целина. ЕУ ги охрабри и поддржи овие преговори од самиот почеток. Сега ќе ги придружиме во следните чекори си сите средства и во истиот дух на дијалог за нашата заедничка европска иднина, соопшти Могерини.

Поврзани новости