Могерини: Ќе ги известам министрите од ЕУ за тензиите на Балканот

by fokus

Ќе ги известам денеска министрите, а подоцна во текот на неделата и премиерите за ситуацијата која е полна со тензии и којашто е изложена на внатрешни, регионални, но и глобални предизвици, рече високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, доаѓајќи на состанокот на Советот на минисри за надворешни работи на ЕУ.

-Но тоа е регион кој има капацитет и сила да реагира и да запре такво нешто под услов да постои веродостоен евроинтеграциски процес, а тоа е дел од нашата работа. Од Советот на министри, но и лидерот на ЕУ очекувам да изразат јасна и силна поддршка за Западен Балкан со цел кредибилни евроинтеграциски перспективи, изјави шефицата на ЕУ дипломатијата пред состанокот на Советот на министри со кој претседава таа.

Могерини ќе ги информира европските министри и за разговорите кои ги имала со претставниците на власта, опозицијата, парламентарците, цивилното општество и студентите за време на својата минатонеделна балканска турнеја.

Поврзани новости