440
Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини вечерва ќе ги прими лидерите на земјите од Западниот Балкан на неформална вечера на која ќе се разговара за регионалните прашања, потврди нејзината портпаролка Маја Коцијанчич.
– Ова е последна во серијата вакви средби со лидерите на регионот, кои станаа редовни во последните години. Се очекува тие да разменат мислења за развојот во регионот и да се осврнат на предизвиците кои преостануваат- изјави Коцијанчич.
Како што јави дописничката на МИА од Брисел, се очекува вечерата да започне околу 19 часот и за сега не се планирани изјави по средбата.