Могерини и Хан го поздравија доделувањето на мандатот на Заев

by fokus

Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан го поздравија потегот на Иванов за доделувањето на мандатот на Зоран Заев за формирање на влада.

„Ја поздравуваме одлуката на претседателот Иванов да го даде мандатот за формирање на влада на господинот Заев како важен чекор во процесот на формирање на влада. Се надеваме дека овој конструктивен дух ќе продолжи да преовладува за земјата конечно да излезе од политичката криза. Ние очекуваме сега брзо формирање на владата која ќе биде посветена на имплементација на сите делови од договорот од Пржино и итните реформски приоритети“, се вели во нивната заедничка изјава.

Тие ги повикаа сите парламентарни партии да ги остават нивните поделби настрана и заедно да се посветат на реформската агенда, за да се врати земјата на патот на евроатланските интеграции.

„Ова е тоа што народот го сака и го заслужува. Ние сме подготвени да ја поддржиме новата влада во своите реформски напори“, се вели во изјавата на Хан и Могерини.

Поврзани новости