Моделот Жаклина сепак влезе во вода: ТОДОРОВ ЈА ИГНОРИРАШЕ, ДАНИЕЛ СЕ ИСКАПE СО НЕА

by fokus

Откако пред два месеци се најде во центарот на вниманието со својот предизвик до министерот за здравство Тодоров, кога го повика да се искапе со неа, топлес, во Дојранско Езеро, поранешната водителка и модел Жаклина Жаки, конечно се искапи, но не со Тодоров, и не во езерото, туку со поп пејачот Даниел Крстески, во базен. Министерот, како што ни потврди и Жаклина, ја игнорирал нејзината отворена понуда.

thumbnail_nikola-todorov1Како што ни раскажа младиот музичар, Жаки му ,,влегла,, во око по својата храбра понуда до министерот која што ја објави ,,Фокус,, во времето кога Институтот за јавно здравје предупредуваше дека водата во Дојранско не е добра за капење, а Тодоров ги негираше, во месец јули годинава. Веднаш му се допаднала и решил да ја ангажира во својот нов спот, а ја искористил и нејзината идеја за капење, па спотот го снимиле покрај базен во Скопје.

,,Тодоров ја игнорираше, но јас ја прифатив понудата на Жаки! Таа е сепак доста привлечна жена, и ретки се мажите кои што нема да се свртат по неа додека минува по улица. Сепак, во спотот Жаки не се појавува топлес, бидејќи е наменет за сите генерации, па не сакавме да добиеме цензура. Снимањето помина во одлична атмосфера, девојката е вистинска професионалка. Покрај неа, во спотот се јавува и манекенката Лена. Не снимавме во Дојран, не поради стравот од пирани, туку затоа што ни беше потребен поразличен амбиент, и режисерот Филип Јакимовски ја одбра локацијата,, – ни изјави Даниел. Спотот во кој што се појаува Жаки е за неговата песна ,,Милена,, за која што музиката и текстот ги напиша Ристо Самарџиев, а пак аранжманот е на Владимир Дојчиноски.

thumbnail_daniel-krsteski1,,Песната беше одлично прифатена од публиката, па затоа и си доби спот. Наскоро ќе се снима уште една песна чиј автор сум јас, а за аранжманот повторно е задолжен Дојчиновски. Веќе го подготвувам и албумот, секако дека ќе има уште многу нови спотови, со убави девојки, а не е исклучена и можноста Жаки да се појави и во некој од другите мои спотови,, – вели Крстоски, кој што на публиката и е познат по песните ,,Да оживеам,, ,,Ти имаш се,, и други. Тој има редовни настапи во клубови локали во земјава, а премиерата на спотот за ,,Милена,, веќе се случи на музичкиот интернет канал ,,Јутуб,, поради забраната за емитување на македонски песни од страна на ЗАМП.

Вики Клинчарова

Поврзани новости