Мобилна болница со 130 кревети ќе биде поставена до Инфективната клиника, истакна Филипче

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека за кратко време, на почетокот на следната недела се очекува поставување на мобилната болница до клиниката за Инфективни болести.

„Таму ќе се сместат 130 кревети со соодветни тоалети. Сметаме дека е добро да се надополни капацитeтот. Во овој момент е добро што имаме линеарно зголемување на болните. Здравствените работници се целосно мобилизирани. Терапијата е веќе аплицирана – додаде првиот човек во здравството.

Поврзани новости