МНР засега нема информации за Македонци зафатени од поплавите во Хјустон

by fokus

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, македонската амбасада во САД до овој момент нема сознанија за македонски државјани зафатени од катастрофалните поплави во Хјустон и околината, причинети од ураганот “Харви”, информираат од Министерството за надворешни работи.

Македонската амбасада во САД е во контакт со официјалните служби, одговорни за справување со природната катастрофа, за какви било нови информации.

Македонски граѓани кои евентуално се зафатени од ураганот “Харви” можат да ја контактираат македонската амбасада во САД на следниве телефони:

00 1 202 390 7418

00 1 202 667 0501

Поврзани новости