Министерството за надворешни работи информираше дека трошоците за превоз и сместување за нив се целосно покриени од Владата на Република Северна Македонија, преку Службата за општи и заеднички работи на Владата. Од МНР упатија ги повикаа семејствата на пациентите кои имаат потреба од превоз или сместување да се обратат на телефонскиот број 070-270-370.
„Дополнително, сите дипломатско-конзуларни претставништва се на располагање за обезбедување потребната логистичка поддршка во земјите каде што се лекуваат пациентите. Контакт-листата со телефонски броеви е објавена на веб-страницата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а на располагање се и дежурните телефонски броеви: 075/273-732 и 075/268-736.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку Оперативниот штаб формиран за оваа намена, е во постојана комуникација со сите надлежни институции, вклучително и со дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија во странство“, се вели во соопштението.
Од министерството велат дека солидарноста и одговорноста се клучни во вакви моменти, затоа апелираат до граѓаните да се воздржат од споделување непроверени информации, со цел да се спречи понатамошно ширење на дезинформации.