МНР повика македонските државјани да ги избегнуваат протестите во Грција

by fokus

Министерството за надворешни работи упати предупредување до македонските државјани кои денеска планираат да патуваат во Грција да ги избегнуваат местата на одржување на најавените протести за „грчкиот карактер на Македонија“ во 14 поголеми градови во северниот дел од државата заради потенцијална можност од нивна ескалација.

– Се информираат граѓаните на Република Македонија кои денеска, ќе бидат или планираат да патуваат во Грција, дека грчката организација „Комитет за борба за грчкиот карактер на Македонија“, најавува протести во четиринаесет  поголеми градови во Северна Грција против употребата на зборот „Македонија“, што ќе се одржат со почеток во 19:30 часот. Заради потенцијалната можност од ескалација на протестите, се предупредуваат граѓаните на Република Македонија да ги избегнуваат местата на нивно одржување, како и од секакви реакции кои би имале негативни последици по нивната безбедност, стои во соопштението.

Поврзани новости