МНР потврди дека дипломатка од македонската мисија во ОН била пронајдена мртва во стан во Менхетн

by fokus

Дипломатка од македонската мисија во ОН синоќа била пронајдена мртва во нејзиниот стан во Менхетн во Њујорк, потврдија за МИА од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.

– Од Постојаната Мисија на Република Северна Македонија при ОН во Њујорк пристигна жална вест која нѐ потресе сите, за трагично загубен животот на член на нашата мисија, дипломат од кариера во Министерството за надворешни работи. Во оваа прилика сакаме да изразиме длабоко сочувство до семејство и најблиските, и во име на сите колеги од Министерството за надворешни работи кои изгубија близок пријател и долгогодишен вреден и посветен претставник на дипломатијата, соопштија од МНР.

Од Министерството информираат дека се во постојана комуникација со надлежните институции во САД за сите детали околу трагичниот настан.

Медиуми во Њујорк јавија дека дипломатката во мисијата на ОН била пронајдена мртва во својот стан на Менхетеан со ремен околу вратот и две испразнети шишенца со антидепресиви. Според соопштението на полицијата, немало никакви знаци на насилство.

Неофицијално, дипломатката имала 39 години и била од Скопје.

Поврзани новости