0
Министерството за надворешни работи отповика осум амбасадори кои биле назначениод поранешниот претседател на државата Стево Пендаровски.
Причината за нивното враќање е неисполнувањето на член 39 од Законот за надворешни работи затоа што не ги претставиле дипломатските тези пред собраниската Комисија за надворешна политика пред да бидат упатени за ополномоштени македонски амбасадори.
Отповикани се:
Мето Белески, Брисел, Кралство Белгија
Катерина Ставревска, Лондон, ВБ
Зеќир Рамчиловиќ, Подгорица
Пајо Авировиќ, ОБСЕ
Емил Крстевски, Прага
Јакуп Реџепи, Сараево
Агнеза Руси, Софија
Џенк Сејфула, Стокхолм, Кралство Шведска
Андреј Жерновски, Букурешт, Романија.