МНР: Нема информации за повредени или загинати македонски државјани во подрачјата погодени од ураганот Ирма

by Fokus

Досега нема информации за повредени или загинати македонски државјани во ураганот кој најпрво ги погоди Карипските Острови и преку Куба денеска стигна до Флорида, информираа од Министерството за надворешни работи,

„Досега нема информации за повредени или загинати македонски државјани. Претставниците од македонската амбасада во Вашингтон стапија во контакт со македонската државјанка која престојуваше во францускиот дел на островот Сент Мартин, која е евакуирана на безбедно. Во контакт се и со семејството кое се наоѓаше во холандскиот дел на Сент Мартин и кое веќе е евакуирано од островот – информираат од МНР.

Поврзани новости