МНР нема информации за настрадани македонски државјани на Халкидики

by fokus

Од Министерството за надворешни работи велат дека немаа информации за настрадани македонски државјани во поплавите што ги опфатија туристичките места во Грција.

„Според информациите добиени од полициските органи на Грција, а во врска со невремето што ја зафати Грција, нема пријавени случаи за настрадани македонски државјани. И според надлежните полициски служби на „Халкидики“ не биле пријавени такви случаи. Истите информации се проверени и со некои туристички оператори присутни на подрачјето кое го покрива Генералниот Конзулат во Солун“, велат од Министерство.

Од таму упатуваат на конакт телефон од Генералниот Конзулат на Република Македонија во Солун: 00306987200410

Поврзани новости