476
Заменик министерот за надворешни работи на бугарското МНР, Костадин Коџабашев во изјава за бугарските медиуми, говореше за отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград.
Како што истакна Коџабашев, јавноста треба да остане потполно смирена на ваквите ситуации.
„Секоја несоодветна реакција во оваа пригода би била спротивна на политиката и интересите на Бугарија и не може да биде претставена како реакција на бугарските институции или на пошироката јавност. Јавноста да пристапи смирено на ваквите ситуации“, истакна тој.