МНР: Илиевски, Габер и Јанкуловски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

by fokus

Министерството за надворешни работи соопштува дека доставило листа од тројца кандидати за избор на судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур од страна на Постојаната мисија на Република Македонија во Стразбур, до Секретаријатот на Советот на Европа.

Кандидатите се јавниот обвинител Јован Илиевски, уставната судијка Наташа Габер-Дамјановска и амбасадорот на Република Македонија во Ватикан, Звонимир Јанкуловски.

Согласно постапката за избор на судија во ЕСЧП, Парламентарното cобрание на Советот на Европа треба да спроведе интервју со тројцата предложени кандидати на 30 септември 2016 година во регионалната канцеларија во Париз, по што ќе се произнесе со гласање во однос на изборот на судија од Република Македонија.

Комисија за избор на кандидатите e во состав: Никола Попоски, вицепремиер и министер за надворешни работи, Вангелина Маркудова, судија на Уставниот суд на Република Македонија, Зоран Караџовски, претседател на Судскиот совет на Република Македонија, д-р Зоран Сулеjманов, член на Совет на јавни обвинители на Република Македонија, Илија Ристовски, државен секретар во Министерството за правда и д-р Ибер Села, професор од Правен факултет на Тетовскиот Универзитет.

Поврзани новости