МНР демантира дека ќе се проширува тимот за преговори со Грција, Наумовски ќе има поддршка од еден дипломат

by Фокус

Министерството за надворешни работи демантира дека ќе се проширува тимот за преговори со Грција за името на државата.

– Владата на Република Македонија ќе ги информира медиумите, а со тоа и јавноста за понатамошните чекори за ова важно и чувствително прашање кое е од највисок државен интерес – изјавиле од МНР за МИА.

Како што и претходно во неколку наврати беше посочено од МНР, во Брисел на 12 декември 2017 на преговорите за надминување на разликата околу името ќе присуствува преговарачот и амбасадор во САД Васко Наумовски, заедно со дипломат од МНР.

Поврзани новости