Mнозинството Бугари против кревање на ветото

by Fokus

Мнозинство од бугарскиот народ не го оправдува кревањето на ветото во бугарското Собрание.

На истражувањето на агенцијата Алфа Рисрч, секој втор Бугарин се изјаснил против гласањето во Народното Собрание, кое го отвори патот за почеток на преговори на Македонија со ЕУ.

– На прашањето, “Требаше ли Бугарија да го крене ветото за Македонија”, 53 отсто од испитаниците рекле НЕ, додека потврдно одговориле 42 проценти. Во дополнителен коментар, агенцијата наведува дека ваквиот исход на анкетата покажува дека не се исполниле очекувањата на аналитичарите, дека кревањето на ветото ќе предизвика големи потреси во бугарската јавност.

Агенцијата меѓудругото го истражуваше и расположението кај граѓаните во случај на нови избори. ГЕРБ на Бојко Борисов и натаму останува прва политичка сила, но со минимална предност од еден отсто пред партијата на Кирил Петков, која го зголемува рејтингот.

Поддршката за ГЕРБ изнесува 21,5 отсто, продолжуваме со промените има 20,2, додека трета сила се бугарските социјалисти со 11,5 проценти.

Нов играч на политичката сцена е партијата на “Бугарски подем” која ја води поранешниот премиер во техничката влада Стефан Јанев. Доколку утре се одржат избори, партијата ќе биде една од седумтте кои ќе влезат во парламентот, а надвор од него ќе се најде партијата на Слави Трифонов која продолжува да тоне и има поддршка од 3,3 отсто од граѓаните.

Поврзани новости