Мнозинството Американци бараат итна смена на Трамп

by Fokus

Педесет и седум отсто Американци сметаат дека претседателот Доналд Трамп треба веднаш да биде сменет. Анкетата на Ројтерс, спроведена по нападот врз Капитол Хил, покажа и дека 7 од 10 избирачи кои гласале за републиканскиот претседател го осудиле однесувањето на екстремните приврзаници на Трамп кои упаднаа во Конгресот. Речиси 70 проценти од учесниците во анкетата изјавиле дека не се согласуваат со однесувањето на Трамп пред немирите во средата.

Официјално, Трамп ќе ја предаде функцијата на 20 јануари. Тој најави дека нема да присуствува на свечената инаугурација на новиот претседател, Џо Бајден.

Поврзани новости