Мнозинство од граѓаните ги поддржуваат мерките што државата ги спроведува против корона вирусот

by fokus

Граѓаните даваат огромна поддршка на мерките кои надлежните ги спроведуваат за заштита од корона вирусот, покажа анкетата која по нарачка на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања.

60,7% од граѓаните сметаат дека мерките се соодветни, 20% дека тие не се доволни а 12,6% дека се престроги.

Речи си сите мерки, освен полицискиот час имаат поддршка од над 90 од граѓаните. Најголема поддршка од 93,8% од анкетираните имаа мерката за забрана на јавни собири, 92,6% го поддржуваат одложувањето на изборите, 92,2% затворањето на кафулињата и рестораните. 91,6% даваат поддршка за запирањето на образовниот процес а 90.9% за затворање на границите и аеродромите.

87,6% поддржуваат казни за непочитување на задолжителната изолација а 87,2% на мерката за забрана за движење од еден во друг град. Најмала е поддршката за полицискиот час од 74,8%.

Анкетата е спроведена врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници во периодот од 18 до 21 март оваа година.

Поврзани новости