Многу скоро ќе го имаме моделот за прочистувањето во судството, најавува Маричиќ

by fokus

Во процес е изготвувањето на моделот за прочистување на судството, постојат повеќе аспекти кои што треба да се докомплетираат, но многу скоро ќе го имаме, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ, прашан до каде е најавеното прочистување на судството.

Во однос на тоа што точно ќе значи прочистувањето, Маричиќ рече дека идејата е да има редовна и динамична проверка на работата и на судиите и на обвинителите, која што во рамките на постоечкиот закон ќе овозможи зајакната транспарентност, одговорност и етика и во судството и во јавното обвинителство.

– Тоа значи оние кои што се професионални, чесни и одговорни судии и обивнители да останат во судството и бидат наградени, а оние кои не работат професионално и за кои евентуално има докази дека намерно застаруваат предмети или потенцијална корупција да не бидат дел од правосудството, рече Маричиќ.

Поврзани новости