Младо момче загина во несреќа со трактор на Галичица

by fokus

Млад човек на 20-годишна возраст денеска загинал во несреќа што се случила на падините на планината Галичица.

Според првичните информации, момчето кое било жител на селото Љубаништа настрадало кога се превртел тракторот со кој управувал на планинскиот пат што од Отешево преку Галичица води до магистралниот пат Охрид-Свети Наум.

Увидот на лице место што е во тек и истрагата треба да ги утврди околностите и причината што довела до несреќата.

Поврзани новости