Младо момче се обидело да силува 72-годишна жена во кавадаречко село

by Fokus

Момче од кавадаречко село ќе добие соодветна пријава откако се обидело да силува 72-годишна жена од истото село, велат од МВР.

„На 19.11.2022 во 20.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода С.Р.(22) од кавадаречко село. Тој се сомничи дека во селото се обидел да изврши обљуба врз 72-годишна жена. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, додаваат од МВР.

Поврзани новости