Младите либералдемократи ги предизвикаа врсниците да направат креативна маска

by Фокус

„Останете безбедни, останете позитивни“, гласи пораката на Димитар, Катерина, Андреа, Теодора Мила, Јелена, Мартин, Деспина, Кристина, кои се членови на Либерално демократската младина. На тој начин, тие ја упатија пораката „Стоп Ковид 19“ и воедно ги предизвикаа врсниците да направат креативна заштитна домашна маска за лице и да ја објават на социјалните мрежи.

-Идејата ја започнавме пред една седмица, лично како претседател дадов пример како може дома да направиме маска а со тоа и ги предизвикав останатите мои пријатели од ЛИДЕМ со цел да ја шириме идејата на социјалните мрежи и со останатите. Пандемијата енормно се шири во сите земји а ние во Македонија треба да го спречиме Ковид-19 на сите можни начини. Еден од начините се маските – вели Димитар Ванчов, претседателот на ЛИДЕМ.

Неговиот предизвик го прифати потпретеседателката на ЛДП, Моника Зајкова, која испрати диреткна видео порака до сите:

„Денеска, одговорив на предизвикот на Либералната младина и изработив сопствена маска. Во ова време на невреме, кога сите сите ресурси се лимитирани, сите да помогнеме со сопствениот труд…”.

Поврзани новости