Младите до 18 години можат да се движат од понеделник до петок од 13 до 15, додека старите над 67 од 10 до 12 часот

by Fokus

Владата денеска донесе нови рестриктивни мерки со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.

Освен тоа, што полицискиот час од понеделник до петок ќе биде од 16 до 05 часот, а за викенд 24 часа, порестриктивни мерки добиваат и младите до 18 години и старите над 67 години.

Младите до 18 години имаат целосна забрана, освен од понеделник до петок од 13 до 15 часот, додека тие над 67 од понеделник до петок од 10 до 12 часот.

Според одлуката, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при шти тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.

Поврзани новости