Младите архитекти со свои идеи и визии ќе ѝ пркосат на реалноста!

by Фокус

Утре во 20.30 часот во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) ќе се одржи изложба на дипломски проекти на генерацијата запишана во 2006 година на Архитектонскиот факултет во Скопје. СТАВ ќе биде изложба каде што младите идни архитекти ќе и пркосат на реалноста – со нови и свежи идеи за тоа каков треба да биде изгледот на Скопје и пошироко.

„На оваа изложба сакаме да ги промовираме нашите проекти кои имаат еден свеж и зрел став кон архитектурата, кои покажуваат една нова визија за иднината на нашата архитектура. Оваа иницијатива покажува дека има многу проекти кои остануваат неизведени, а имаат големи архитектонски квалитети. Затоа сакаме тие да не останат невидени и да бидат инспирација за сегашните и идните архитекти. Меѓу проектите ќе видите културни центри, винарии, реадаптации на нашуштени индустриски објекти, планетариуми, урбанистички проекти, проекти за заживување на македонските села, нови градски центри, облакодери и многу други архитектонски и урбанистички проекти. Се со цел да покажеме една разновидност и еден наш став за различните сфери во архитектурата“, се вели во соопштението на организациониот борд на СТАВ.

Покровител на изложбата е Асоцијацијата на Архитекти на Македонија (ААМ) кои

Поврзани новости