Млада Иранка доби затвор поради „Зомбито Анџелина Џоли“

by Фокус

Младата 21-годишна Иранка Сахар Табар го привлече вниманието со нејзините застрашувачки фотографии, по кои беше позната како „Зомбито Анџелина Џоли“.

Таа ја убеди цела јавност дека направила десетици операции за да изгледа како познатата светска актерка Џоли, но на крај се испостави дека нејзината приказна била измислена.

-Сето тоа е фотошоп и шминка. Секогаш кога објавувам фотографија, го цртам своето лице на неверојатно смешен начин. Така се изразувам, тоа е дел од уметноста. Моите обожаватели знаат дека тоа не е моето вистинско лице –  рекла Сахар.

Но, набргу потоа младата девојка е уапсена под обвинение за „културни злосторства и социјална и морална корупција“.

Според иранската новинска агенција, таа се соочила со обвиненија за богохулење, поттикнување насилство, стекнување приходи со несоодветни средства и поттикнување на млади луѓе на корупција.

Девојката е осудена на 10 години затвор.

Поврзани новости