Мицотакис: Заев има причина да слави за Договорот, но Ципрас не

by fokus

Претеседателот на најголемата грчка опозициска партија, Кирјакос Мицотакис, уште еднаш повтори дека Нова демократија нема да гласа за ратификација на Договорот од Преспа и повика истото да го сторат и другите партии и пратеници, јави дописничката на МИА од Атина.

-Само еден начин постои за да го ограничиме опсегот на националната штета: Договорот од Преспа да не се ратификува во грчкиот Паралмент. Повторувам на најкатегоричен начин: Нова демократија ќе гласа против договорот и ги повикуваме сите партии и сите пратеници да го сторат истото. Впрочем, ова е барањето на големото мнозинство грчки граѓани, вели Мицотакис.

Причина за денешната изјава на лидерот на Нова демократија се текстовите објавени во грчите медиуми, кои повикувајќи се на vecer.mk и mkd.mk пренесуваат изјава на македонскиот премиер во која тој рекол дека “со Договорот од Преспа се отвора можност македонскиот јазик да се изучува во Грција”.

-Изјавите на Заев за изучување на македонски јазик во Грција се неприфатливи. Но, беа очекувани од самата содржина на договорот. На најјасен начин го потврдуваат она што Нова демократија го кажа од прв момент, дека признавањето на наводен македонски јазик и националност, ја отвора Пандорината кутија за оживување на сите историски неточни иредентистички барања на Скопје, вели Мицотакис и додава дека Заев има секаква причина да слави за она што е договорено, но “Ципрас останува безгласен пред резултатите на неговата политика”.

Поврзани новости