Мицотакис смета дека Грција е столб на Балканот

by Fokus

На синоќешната средба во Белата куќа со американскиот претседател Џо Бајден, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека Грција е столб на стабилност на Балканот и сигурен партнер во Источен Медитеран.

Бајден се заблагодари на Мицотакис за моралната поддршка што Грција ја дава на Украина во отпорот против руската агресија.

-Ние сега сме соочени со обединет предизвик со руската инвазија на Украина, изјави Мицотакис.

Додаде дека грчко-американските односи се на највисоко можно ниво.

-Не зборувам само за одбранбениот дел, туку и за (американските) инвестиции и за улогата на Грција како сигурен партнер во регионот на Источен Медитеран, како земја која ја надмина финасиската криза со економијата во подем и како столб на стабилностa на Балканот и во поширокиот регион.

Поврзани новости