Мицотакис: Мигрантското прашање е европска тема

by Fokus

Поедноставување на процедурите за доделување азил, построга контрола на границите и организирано празнење на островите се дел од мерките на владата кои, како што денеска рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во текот на следниот месец во вид на предлог закон ќе бидат доставени во Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис говорејќи пред пратеничката група на Нова демократија, истакна дека мигрантското прашање е европско прашање и за тоа ќе разговара со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на нивната денешна средба.

-Мигрантското прашање е европска тема, тема на Европа и затоа ќе се најде на агендата на Самитот во Брисел следната седмица, рече Мицотакис.

Поврзани новости