Мицотакис: Ќе го блокираме бранот авганистански бегалци

by Fokus

Грција ќе се обиде да го блокира потенцијалниот бран бегалци од Авганистан кои бегаат од талибанската влада, но и треба поголема помош од Европската унија (ЕУ) во врска со мигрантската криза, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

-Не можеме да имаме европски земји кои веруваат дека Грција треба сама да го реши овој проблем и дека тоа воопшто не ги засега, имајќи предвид дека тие можат да ги држат границите цврсто и херметички затворени, рече Мицотакис на прес -конференција.

Се стравува дека, поради новите талибански власти во Авганистан, сценариото од 2015 година може да се повтори, кога речиси милион Сиријци, Иранци и Авганистанци избегаа во Европа со преминување во Грција од Турција.

Мицотакис рече дека грчката влада доби солидарност од ЕУ во однос на финансиската помош, но, како што наведе, Грција е таа што ја работи својата работа кога станува збор за крајбрежната стража, полицијата и вооружените сили.

Тој рече дека Грција „ќе продолжи да го прави тоа“.

Грција подигна ограда долга 40 километри во регионот Еврос, на границата со Турција и објави тендери за изградба на објекти за мигранти кои ќе се наоѓаат на островите во близина на Турција, за што доби критики од групите за човекови права , според Ројтерс.

-Ја имаме инфраструктурата во случај да се соочиме со нов нов настан, а тоа е бранот мигранти од Авганистан, рече Мицотакис.

Тој оцени дека најдобриот начин за Европа да се солидаризира е да се договори за заедничка политика, но додаде дека не е оптимист по тоа прашање.

Поврзани новости