Мицотакис: Грција нема да ги затвори границите

by fokus

Грција повторно нема да преземе мерки за затворање затоа што повеќето граѓани ќе бидат вакцинирани, рече премиерот Киријос Мицотакис, во интервју за грчкото радио К.

„Неподготвеноста на населението да се вакцинира не е проблем само на Грција, туку и на глобално ниво. Не можеме да ја направиме вакцинацијата задолжителна, но земјата нема повторно да се затвори за да заштити неколку невакцинирани лица, за да страда огромното мнозинство од грчкото население кое е вакцинирано“, рече тој.

Според грчките медиуми, само на една забава во познатиот бар на плажа во Атина биле заразени околу стотина млади луѓе и поради тоа беа најавени нови ограничувања.

Од денес, сите кафулиња, ресторани, барови и клубови ќе можат да работат само доколку имаат места за седење.

Сепак, премиерот во интервјуто потенцираше дека границите повторно нема да бидат затворени.

Поврзани новости