Мицотакис го поддржува членството на Македонија во ЕУ, но бара почитување на Преспанскиот договор

by Фокус

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изрази поддршка на членството на Македонија и Албанија во ЕУ, откако на самитот на шефови на држави на Унијата не може да се постигне согласност за отворање на преговори со двете држави.

-Го поддржуваме патот до членство на ЕУ за нашите северни соседи, под услов целосно да ги почитуваат меѓународните договори што ги имаат потпишано, да се посветени на владеењето на правото и секако да ги почитуваат правата на малцинството – рече Мицотакис пред почетокот на Самитот на ЕУ.

Оваа изјава ја коментираа од опозициската СИРИЗА, од каде истакнаа дека ваквиот став на Мицотакис претставува салто, бидејќи сега бара почитување на Преспанскиот договор, иако го одбиваше како опозиционер.

Поврзани новости