Мицкоски: Работната група за уставни измени нема мандат да преговара за промена на Уставот

by Fokus

Работната група за уставни измени нема мандат да преговара за промена на Уставот, а добиваат пари од буџетот, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според него, тие можат да добијат мандат за оваа работа само ако парламентот изгласа потреба за промена на Уставот.

„Ковачевски и Ахмети во Собранието треба да поднесе барање за промена на Уставот, па да се изјаснат пратениците“, рече Мицкоски.

Тој го повтори ставот дека уставни измени под овие услови нема да има, ниту во еден парламентарен состав.

„Дури и ВМРО-ДПМНЕ да се на власт, нема да има уставни измени под овие услови“, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја критикуваше власта дека би направила се’ за да остане на функција и да краде, а заборава дека доаѓа денот на одговорност.

Поврзани новости